Vrabotuvanje.com - Помлади бравари и помлад контролор за преглед - Скопје - МАКПЕТРОЛ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Помлади бравари и помлад контролор за преглед

Скопје

Application deadline:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
   За вработување на 5 (пет) кандидати на определено време од 5 (пет) месеци, во „Макпетрол“ АД. – Скопје, во Дирекцијата за одржување во Скопје, и тоа:
 
  1. 2 (двајца) кандидати на работно место помлад бравар во Браварско одделение

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно стручно образование – машинска/техничка насока;
  • Работно искуство од 1 (една) година;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Дневното работно време за горенаведените работни места е од 07:00 часот до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 24.500 денари.
Работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

  1. 2 (двајца) кандидати на работно место помлад контролор за преглед во Одделение за преглед и сервисирање на плински боци, ПП апарати и одржување на водоводни инсталации

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно стручно образование – техничка насока;
  • Со или без работно искуство;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Познавање и работа со рачен алат;
  • Познавање и работа со електричен алат (аголна брусилка);
  • Познавање и работа со пневматски алат.

Дневното работно време за горенаведените работни места е од 07:00 часот до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 24.000 денари.
Работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

  1. 1 (еден) кандидат на работно место помлад бравар во Одделение за превентивно и тековно машинско одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно стручно образование – машинска/техничка насока;
  • Работно искуство од 1 (една) година;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Дневното работно време за горенаведените работни места е од 07:00 часот до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 24.500 денари.
Работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

 

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Писмо за мотивација – со јасно наведено работно место за кое аплицираат;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Уверение од кривична евиденција;
Препорака од претходен работодавач (доколку поседува);
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Installations, Maintenance and Repairs amounts to 24.722 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more