Vrabotuvanje.com - Постар инженер за софтвер / автоматизација - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Постар инженер за софтвер / автоматизација

Охрид

Application deadline:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА


КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс.  
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Постар инженер за софтвер / автоматизација
 

Работни задачи и одговорности:
  • Извршување задачи поврзани со решавање на софтверски или хардверски проблеми со опремата за тестирање;
  • Развивање на нови технолошки решенија за механички и електрични системи; 
  • Подобрување на процесите и оптимизирање на хардверските компоненти во производните области со цел да се намали времето на застој и/или да се намали времето на циклус на опремата;
  • Tестирање и одржување на оптималната фукционалност на софтверските апликации;
  • Програмирање, инсталирање, конфигурирање, и одржување на производната опрема.
  • Анализа на опремата, генерирање и имплементирање на идеи за решавање на прашања/проблеми поврзани со опремата на линиите за производство.  
  • Иницирање решенија и координирање на проектите за подобрување, обезбедувајќи минимален застој и максимална ефикасност.
  • Поддршка за сложени итни/непланирани поправки на опремата за производство, за време на производството во најкратки можни рокови.
  • Почитување и спроведување на безбедносните прописи и одржување на работното место уредно и чисто;
 
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС или мастер од областа компјутерско инженерство, електротехника
  • + 3 години искуство во програмирање, по можност во автомобилската индустрија
  • Програмски вештини: C, C++, Visual Studio, SQL, XML, PHP
  • Претходно искуство со Acronis Backup и subversion tools ќе се смета за предност
  • Напредно познавање на хардвер, програмирање и откривање на грешки на PLC системи (Beckhoff и Siemens се сметатат за предност)
  • Способност за работа под притисок со крајни  рокови; 
  • Нагласени комуникациски и преговарачки вештини, способности за решавање проблеми, вештини за организирање;
  • Одлично познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook);  
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  
.
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан; 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик  преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more