СЕТЕК СЕ ОД ТЕХНИКА распишува конкурс за работа:
РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО ПРИЛЕП
Потребни квалификации:
Минимум ССС;
Поседување вештини на продажба
Пожелно, но не е неопходно претходно работно искуство со продажба во некои од овие области: ИТ, ТВ, Бела Техника, Мали кујнски апарати, Aудио и Видео;
Познавање на работа со компјутер, Microsoft Office пакетот, Интернет пребарувачи;
Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност;
Способност за комуникација со купувачот
Способност за тимска работа
Нашиот референт за продажба:
Добро ги познава производите, постојано ги следи најновите трендови во индустријата
Знае да ги открие потребите на купувачите
Придонесува за неповторливо купувачко искуство
Ги решава проблемите на клиентите и знае да се справи со различни типови на купувачи
Се грижи за тимот и со колегите заеднички се стремат кон поуспешна продажба во салонот
Ние нудиме:
Тимска работа и менторирање од колега со долгогодишно искуство
Работа во две смени, 40 часа неделно
Со распоредот на смените секој втор викенд е слободен
Основна плата и таргети кои зависат од искуството и успешноста во продажба
Обуки за напредок и усовршување на продажни вештини
Обуки од врвни производители на техника
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете ја Вашата кратка биографија (CV) - ЗАДОЛЖИТЕЛНО со слика не постара од 6 месеци преку полето Брза Апликација.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Sales amounts to 22.310 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!