INNventa pharm претставува фармацевтска компанија основана во 2011 година со седиште во Белград.
Главната мисија на компанијата е воведување и промовирање на инвентивни фармацевтски производи - лекови, медицински средства и додатоци во исхрана кои имаат клинички докажана ефикасност и безбедност и кои ги почитуваат строгите критериуми за квалитет.
Посебен фокус е ставен на терапевтски групи и индикации од областа на урологија, ортопедија, гинекологија, ендокринологија, ОРЛ, физикалнa медицина, кардиологија, неврологија.
Тимот на INNventa се карактеризира со уникатна организациска култура, професионален пристап кон клиентите, партнерите и стручната јавност како и силен тимски дух.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна www.innventapharm-mk.com
Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим, на работно место
Потребни квалификации:
- ВСС: дипломиран фармацевт/магистер по фармација, доктор по медицина, доктор по стоматологија.
- Работно искуство од најмалку една година во промоција на фармaцевтски производи.
Опис на работата:
- Промоција и продажба на INNventa портфолио
- Спроведување на маркетинг планови и остварување на планирани цели
- Редовни работни состаноци со лекари и фармацевти
- Стручна презентација на производи
- Следење и анализа на активностите на фармацевтскиот пазар
- Организирање и учество на стручни промотивни собири
- Редовно известување.
Потребни вештини и способности:
- Познавање на MS Office
- Возачка дозвола Б категорија – активен возач
- Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки способности
- Самодоверба, одлучност и упорност
- Свесност за комерцијално и деловно работење
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.
На вработените им нудиме:
- Работа во позитивна, динамична и стимулативна средина
- Континуирана обука и усовршување
- Атрактивен финансиски пакет со бонус систем
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
Сите пристигнати апликации ќе бидат третирани строго доверливо.