Vrabotuvanje.com - Софтверски инженер за автомобилски апликации - Скопје - ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Софтверски инженер за автомобилски апликации

Скопје

Application deadline:

  • ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:


СОФТВЕРСКИ ИНЖЕНЕР ЗА АВТОМОБИЛСКИ АПЛИКАЦИИ
 
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
  • Во рамките на одделот, ќе развивате софтвер за контролер на шасија, опфаќајќи ги новите технологии за кои ќе се добие дополнителна обука, како што се ADAS, е-мобилност, телематика, интегриран infotainment, како дел од Е/Е архитектурата на возилата (Контролерот на шасијата игра централна улога во безбедносните функционалности на возилото поврзани со погонот, високонапонските батерии, полнењето, итн.)
  • Интерпретирање на барањата за потребната функционалност и нивно трансформирате во висококвалитетен, целосно тестибилен и документиран софтвер
  • Анализа на потребите за тестирање и нивно специфицирање во соработка со тест инженерите
  • Работа во Agile/SCRUM тимови за развој на софтвер според V-моделот
  • Дебагирање при имплементација на софтверот 
 
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
  • Високо или пост-дипломско образование од областа на ИКТ/електрониката, или само стекнато работно искуство во тие области
  • Погодно искуство со развој во некое од следниве области:
  • Програмирање со помош на Structured text (e.g. PLC environments)
  • IEC 61131-3 function Block diagram (Matlab Simulink, CodeSys, LogiCad)
  • C coding
  • Способен да комуницира течно на англиски јазик (пишување, зборување, разбирање)
  • Способен да проценува, да дава приоритет и да организира задачи самостојно
 
Ќе се смета за предност доколку апликантите:
  • Има искуство во пишување на софтверски барања во автомобилската индустрија
  • Познава барем некои PLC програмски алатки/јазици
  • Способност за имплементација на барањата за развој
  • Способност да работи со version management
  • Има познавање од општа електроника, електроника за возила како и тестирање на софтвер
  • Има дебагирано (debug) софтверски имплементации со користење дополнителни алатки за мерење како мултиметар/осцилоскоп/can-analyzer
Запознаени сте со следниве стандарди/протоколи:
  • ISO 26262
  • CAN protocol (J1939)
  • LIN protocol
 
ШТО НУДИМЕ:
  • Високо-компетитивни месечни примања
  • Можност за стекнување диплома за екстремно бараните знаења за идната е-автомобилска технологија во светот
  • Проекти поврзани со јавен транспорт, e-mobility...
  • Пријатна работна околина според највисоки европски стандарди за дизајн бироа 
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во нашиот ресторан-кантина
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
 
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик преку полето Аплицирај во делот “отворени работни места”. 
 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 
 
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more