Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Југозападна Македонија - ГЕМАК Траде
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Комерцијалист

Југозападна Македонија

Application deadline:

  • ГЕМАК Траде

Гемак е компанија која цели 3 децении е лидер на пазарот за увоз и дистрибуција и стратешки партнер на едни од најпродаваните светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, тутун, кафе, храна и непрехрабрени производи. Од 2020 година ја отвара својата онлајн продавница со повеќе од 200 производи кои се дистрибуираат низ цела Македонија за крајните купувачи.

Доколку имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Gemak Trade на следната работна позиција:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА РЕОН ЈУГОЗАПАД (VAN SELL)

Работни задачи и обврски:
  • Врши активна продажба, со цел ширење на мрежата на Коминтенти и застапеноста на производите од портфолиото на Компанијата,
  • Врши дистрибуција на производите според однапред дефиниран ‘’рут’’ план,
  • Обезбедува континуирана оптимална залиха на стока за сопствените дневни продажби,
  • Обезбедува оптимална залиха на стоки кај сите свои Коминтенти, минимизира и отклонува Out of stock ситуации,
  • Спроведува активности за навремена наплата од Коминтентите и за ненаплатени побарувања од истите,
  • Спроведува активности поврзани со мерчендајзингот на производите во продажните места на Коминтентите, соодветно магационирање, следење на рок на траење според ФИФО стандард, како и поставување на рекламни ПоС материјали со запазување на потребните стандарди,
  • Активно го следи пазарот на соодветните индустрии и детектира конкурентски активности.

Потребни квалификации:

  • Образование: ССС
  • Искуство:  минимум 3 години  на слична работна позиција
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Предност ке имаат кандидатите со место на живеење во Битола или Кичево

Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот, преку копчето аплицирај.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more