Vrabotuvanje.com - Специјалист за брендирање - Битола - Битола - Lycamobile
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за брендирање - Битола

Битола

Application deadline:

  • Lycamobile

Мисијата на Lycamobile е да ги поврзе пријателите и семејството околу целиот свет. Како најголем светски меѓународен мобилен виртуелен мрежен оператор (MVNO), Lycamobile обезбедува ниска цена, интернет со висок квалитет и говорни услуги за повеќе од 16 милиони корисници во 25 земји. Со самото проширување нуди широк спектар на финансиски и туристички услуги, вклучувајќи ги и Lycamoney и Lycafly, кои им помагаат на луѓето да контактираат преку границите. На македонскиот пазар веќе неколку години семејството на Лајкамобајл е во пораст, преку понуда која вклучува пакети со мобилни комункациски услуги достапни по атркативни цени и врвен квалитет.
 

Како резултат на зајакнување на нашите деловни операции, во потрага сме по член на позицијата:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА БРЕНДИРАЊЕ-  БИТОЛА
 
 
 
Главни одговорности:
  • Обезбедување производите да се појавуваат на соодветното место (продавница) во соодветно време и во точни количини;
  • Создавање на атрактивни визуелни излози во малопродажните места;
  • Подобрување на естетскиот изглед на излозите на продавниците и пешачките патеки, касите и излозите внатре во продавниците;
  • Зголемување на продажбата и вниманието на купувачот, капитализирање на човечката тенденција да разгледува излози;
  • Активно поставување на постери;
  • Обезбедување на униформност на излозите низ повеќе локации на продавниците;
  • Теренска работа.
 
Квалификации: 
  • Искуство со поставување на рекламен материјал на различни локации;
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати;
  • Одговорна, мотивирана и стабилна личност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Флексибилност за работа на терен;
  • Возачка дозвола Б категорија, активен возач минимум 2 години.
 
Што нудиме:
  • Работа во динамична и пријатна работна атмосфера полна со интересни предизвици, во сектор телекомуникации и интернационална компанија
  • Основна нето месечна плата: 25.000,00 ден.
  • Работно време од понеделник до петок, од 09:00 до 17:00 часот
  • Почеток со работа – по договор
 
Доколку се гледате себеси во наведениот профил на кандидат Ве охрабруваме да ја испратите вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација, задолжително со назнака „За специјалист за брендирање (Битола)”

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more