Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - АД Д-Р ПАНОВСКИ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Сметководител

Скопје

Application deadline:

  • АД Д-Р ПАНОВСКИ Скопје

Компанијата АД Др.Пановски Скопје 25 години обезбедува високо квалитетни производи од реномирани светски производители, нивна продажба и дистрибуција со цел да се постигне задоволување на барањата на купувачите, подобрување на здравствениот систем како и грижата кон крајните корисници- пациентите.

Компанијата АД Др.Пановски има потреба од следната работна позицијa

Сметководител


Работни одговорности на Овластениот Сметководител:
  • Сметководствено евидентирање и контрола на влезни и излезни документи;
  • Сложување на аналитички картици со комитенти;
  • Контрола на книжењето на трансакциите.
  • Изработка на пријави за ДДВ и Персонален данок и поднесување на истите во УЈП, документација за Народна банка, Централен Регистaр и други релевантни институции.
  • Изработка и контрола на финансиски извештаи за тековно работење.
  • Следење и спроведување на важечките законски регулативи
  • Контрола на целокупната сметководствена евиденција.
  • Ја следи точноста на прегледот на основните средства и ситниот инвентар (ревалоризација и амортизација);
  • Комуникација со клиенти и државни институции;
  • Изработка, поднесување и потпишување на Завршни годишни сметки и ДБ.
  • Активно учество во процесот на Годишна ревизија.
  • Одлично познавање на материјално сметководство.

Потребни квалификации:
  • Високо образование, предност од областа на Економски факултат, Сметководство и ревизија сл.
  • Поседува важечка лиценца за овластен сметководител (задолжително)
  • Искуство на иста работна позиција од мин. 2 години е задолжително;
  • Вештини за работа со компјутер; Познавање на Microsoft Office: Word, Excel, Internet,
  • Посебна предност е познавање на Pantheon софтверот

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
  • Позитивна, флексибилна и проактивна личност
  • Градење на тимска работа
  • Развивање на другите вработени во тимот
  • Планирање и Организација на работата
  • Насоченост на детали
  • Контрола на процеси

Плата: од 45.000 денари.

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more