Vrabotuvanje.com - Специјалист за продажба - Скопје - ДС СМИТХ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за продажба

Скопје

Application deadline:

  • ДС СМИТХ

smartflex


 

DS Smith  е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith  ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање и хартија.

Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.

Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com

 

DS SMITH СКОПЈЕ ВРАБОТУВА:
Специјалист за продажба


​Потребни квалификации:
  • Универзитетска диплома од областа на економијата, технички факултети 
  • Работно искуство во продажба 2 години
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на работа на компјутер ( MS Office)
  • Почитување на дадени крајни рокови и поддршка на соодветниот сектор
  • Желба за учење и надоградување
  • Возачка дозвола – активен возач

Вашите одговорности:
  • Одржува континуитет во работењето со постоечки купувачи и спроведува нарачки за нови купувачи 
  • Обезбедува ефикасна континуирана поддршка и соработка со останатите колеги од тимот
  • Комуникација и примање нарачки од купувачи
  • Континуирана и квалитетна комуникација со купувачи
  • Анализи за остварување на месечните планови  
  • Квалитетно извршување на работните задачи и почитување на крајни рокови
  • Дисциплина и желба за развој
  • Почитување на интерните правила и стандарди на работа, како и кодексот на однесување
  • Учење и самостојно работење во сектор продажба
 
Што нудиме: работа во интернационална компанија, во динамична атмосфера, со можност за персонален и професионален развој

Доколку ги исполнувате наведените карактеристики, доколку сте комуникативна личност, со силни интерперсонални карактеристики, флексибилни, спремни за учење и тимска работа

АПЛИЦИРАЈТЕ !
испратете Ваша биографија и мотивациско писмо преку полето Брза Апликација  не подоцна од 15.11.2022

Кандидатите кои успешно ќе го поминат процесот на пред елиминација ќе бидат контактирани телефонски. Задолжително наведете за која работна позиција аплицирате.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more