Vrabotuvanje.com - Електротехничари во електро одржување - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Електротехничари во електро одржување

Скопје

Application deadline:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

Електротехничари во електро одржување

Избраниoт кандидат ќе бидe задолжени за електро одржување на индустриски машини (трансформатори, мотори), трансформаторски станици и релејна заштита, PLC управувани машини, лабораториски инструменти и друго во Одделението за електро одржување.

Кандидатoт преку работење според план придонесува кон перформансите на тимот за електро одржување. Работите ги извршува според законските прописи и компаниските стандарди за безбедност и здравје при работа. Извршувањето на задачите го прави во најголем дел самостојно, или како дел од тим. Работното време се одвива во три смени.

Основната нето плата за работното место е од 28.800 до 34.000 денари.

Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа, како и бонус за успешно работење.

Потребни квалификации:

  • Средно електро техничко училиште, IV степен, електротехничка насока
  • Работно искуство од 1-3 години во индустрија ќе се смета за предност
  • Познавање на PLC и компјутери ќе се смета за предност
  • Познавање на MS Office, AutoCAD, Windows OS
  • Познавање на релејна заштита, ел.енергетски постројки, енергетски трансформатори и електромотори
  • Познавање на англиски или германски јазик ќе се смета за предност


Кандидатите треба да ја приложат следнава документација: 
1. Мотивациско писмо 
2. Биографија (CV) 
3. Доказ за завршено образование 

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ
http://www.usje.mk или преку полето Брза Апликација.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Electrical Engineering amounts to 22.219 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more