Vrabotuvanje.com - Машински техничари во Одделение за машинско одржување - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Машински техничари во Одделение за машинско одржување

Скопје

Application deadline:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

Машински техничари во Одделение за машинско одржување

Машинскиот техничар во машинско одржување ќе биде задолжен за извршување на браварски активности (сервис, заварување, сечење, брусење, подесување, центрирање и слично) на машинската опрема која се користи во производниот процес.

Примарна цел на машинските техничари е да извршуваат ефикасни, квалитетни и навремени сервисни активности на опремата во работни услови и за време на ремонт како би се обезбедила континуирана работа со минимален број на застои и максимална искористеност.

Се грижи за исправноста, контролата на состојбата и правилно ракување со алатот, како и за чистотата и уредноста во погонот. Се грижи за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на експлоатација. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот. Нето плата за работното место е од 28.800 до 34.000 денари. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.


Квалификации на кандидатите:

  • ССС/IV степен на стручна подготовка, машински техничар
  • Работно искуство во одржување од најмалку 2 години ќе се смета за предност
  • Лиценца за заварување и користење вилушкар, ќе се смета за предност


Кандидатите треба да ја приложат следнава документација: 
1. Мотивациско писмо 
2. Биографија (CV) 
3. Доказ за завршено образование 

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ
http://www.usje.mk или преку полето Брза Апликација.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Electrical Engineering amounts to 22.219 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more