Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата
Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на
Оператори во погон за производство
Избраниот кандидат ќе биде одговорен за следење и контрола на правилната и точната работа на процесната опрема. Помагање во водење на технолошкиот процес на подготовка на суровинско брашно, пакување и палетизирање на цемент и усјемал во склад со
процедурите за работа. За време на застои и заглавување учествува во отстранувањето на дефектите, одглавувањето, и расчистувањето на Погонот. Работното време се одвива во три смени. Нето платата за работното место изнесува од 28.800 денари, додека
Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.
Kвалификации на кандидатите:
- CCC/IV степен стручна подготовка
- Претходно работно искуство од 1 година ќе се смета за предност
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ
http://www.usje.mk или преку полето Брза Апликација.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.