Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:
- Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки;
- Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години;
- Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:
- Одлично познавање на релациони бази на податоци(Microsoft SQL Database);
- Основно познавање на Microsoft Power BI;
- Основно познавање на ETL процеси на data warehouse;
- Основно познавање на оперативни системи(Windows OS);
- Познавање на .Net, C#, XML ќе се смета за предност.
- Активно го следи развојот на програмските јазици, помошните програми и нивната примена во пракса;
- Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
- Професионален пристап кон работните обврски;
- Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
- Чесност и доверливост;
- Одлични комуникациски вештини;
- Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
- Способност за тимска работа;
- Професионален изглед и однесување.
За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:
- Одговорен за правилно и целосно функционирање на модулите за МИС;
- Организирање и спроведување на поддршка за корисниците во апликациите и системите за известување (МИС);
- Анализирање на можностите за користење на апликациите, вршење надзор за правилно користење, утврдување, отстранување неправилности и настанати грешки во работењето на истите;
- Изготвување упатства, извештаи, мислења и препораки во врска со работењето на апликациите за известување;
- Вршење прием, инсталација и надградба на модулите во соработка со надворешните релевантни страни;
- Учество во проекти за унапредување на апликациите, како и за останати активности и тековни ангажмани во рамките на Дирекцијата.
Бенефити:
- Приватно здравствено осигурување;
- Политика за наградување преку системот на бонуси;
- Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
- Динамична работна средина;
- Продуктивно работно опкружување;
- Редовни тим билдинг и спортски активности и настани за дружење;
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 05.11.2022 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака на соодветната Референца согласно позицијата за кој што аплицирате, пример: Референца бр. 015/2022 - ИТ Специјалист за систем за МИС.
За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.
Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.