Vrabotuvanje.com - Автолакирач – фарбара - Скопје - ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Автолакирач – фарбара

Скопје

Application deadline:

  • ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

АВТОЛАКИРАЧ – ФАРБАРА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
  • Големо искуство во користење на сите видови материјали, спрејни пиштоли и друга опрема
  • Поврзување на инсталацијата за фарбање  и  користење на опремата под притисок
  • Проверка на материјалите пред одпочнување со лакирање (состојба на површината, остранување на сите нечистотии и обезбедување на добра адхезија на бојата)
  • Поставување на воздушниот притисок за лакирање и работа со инсталацијата за фарбање
  • Прскање главно боја- лак според правилото : еднаков нанос , чисти и мазни површини
  • Секојдневно одржување на опремата под притисок за лакирање
  • Посебно внимание за економично користење на материјали
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Диплома за завршено средно образование – по можност Автолакер 
  • Претходно работно искуство од најмалку 3 години на иста позиција 
  • Способност за работа во динамично опкружување како и работа под притисок со зададени времески рокови
 
ШТО НУДИМЕ:
  • Почетна нето плата од 38.100 денари плус минат труд
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа 
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
 
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”. 
 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 
 
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more