Vrabotuvanje.com - Тим лидер - Прилеп - КОМФИ-АНГЕЛ ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Тим лидер

Прилеп

Application deadline:

  • КОМФИ-АНГЕЛ ДОО

Комфи Ангел е текстилна компанија која ги нуди најдобрите производи за добар сон. Во широкиот спектар на производи броиме перници, јоргани, заштитници за душеци и наддушеци, правејќи не една од најголемите производители на овие продукти во Југоисточна Европа.

Доколку сте кандидат кој сака да работи тимски и синхронизирано, нашата компанија  има потреба од нови лица за работно место

Тим лидер
 

Краток опис на основните одговорности

  • Организирање на работните задачи на вработените согласно дневниот/ неделниот план за работа.
  • Поставување на приоритети за извршување на тековните работни задачи, дадени од раководителот
  • Континуирана контрола на процесот на подготовка за работа и тековната работа на вработените од тимот
  • Контрола на квалитетот на готовите производи кои се произведуваат и на податоците за часовна/ работна ефикасност на вработените во тимот
  • Комуникација со вработените за целта на дневните работни задачи и очекуваниот краен резултат
  • Давање на инструкции, водење и мотивирање на тимот

Потребни квалификации:

Постигнувања и искуство

  • Завршено најмалку средно образование
  • Основно познавање на англиски јазик и работа со компјутер
  • Претходно работно искуство во водење на процеси и луѓе, ќе се смета за предност

Вештини/ способности:

  • Организирање и носење на одлуки, поставување на приоритети и превземање на одговорност за активностите на останатите соработници
  • Брзо и точно завршување на работните обврски
  • Континуирана комуникација со колегите
  • Интерперсонални вештини
  • Способност за решавање на проблеми и конфликти
  • Тимска работа

Што нудиме:

  • Можности за професионално усовршување
  • Конкурентни примања
  • Динамична и флексибилна работна средина
  • Позитивна работна атмосфера
  • Обезбеден превоз и храна
 

Работно време: Во смени (06:00-14:00; 14:00-22:00; 22:00-06:00)
Локација: Прилеп

 
Доколку сте заинтересирани и ги поседувате потребните вештини и искуство, Ве замолуваме испратете ја Вашата кратка биографија (CV) преку полето Брза Апликација, најдоцна до 15.11.2022.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more