ЖИТО ЛУКС Ад Скопје, водечка Компанија од областа на производство на леб, брашно и пекарски производи, поради проширување на својот тим во логистика,во Комплексот Пекара, има потреба од:
МАГАЦИНСКИ КОНТРОЛОР ( МАРКЕР )
Работни задачи:
Контролира излез на готов производ (количина, тип, рокови, амбалажа) од магацин кон дистрибутерите;
Врши контрола и издавање на производите според воспоставените процедури;
Ги спроведува/ применува одредените работни процедури и наредби;
Одговорен е за организацијата на работата и оперативноста на делот од магационот под негова надлежност;
Одговорен е за распоред на контролите кои ги спроведува;
Врши контрола на материјалниот прием на производите, контрола на количината, на типот на производите, контрола на роковите на истек на производите, контрола на подготовка на производите за испорака, контрола на издавање или фактурирање на производите, контрола на исправноста на документацијата според зададените процедури (контрола на потпис и печат) и контрола на издавање и прием на амбалажа;
Дава дневни и неделни извештаи на Супервзорот на магацините и Менаџерот;
Врши редовни и периодични пописи;
Потребни квалификации:
Завршено средно стручно образование
Организираност и одговорност
Посветеност, лојалност,иницијативност
Можност за работа во смени
Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работа позиција, испратете ја вашата биографија ( CV ) на следната адреса: Жито Лукс АД Скопје, Бул. “Македонска Косовска Бригада” бр.44 Скопје, или електронски преку полето Брза Апликација.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!