Vrabotuvanje.com - Вработување во оддел финансии - Скопје - СТАРКОН ШИПИНГ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Вработување во оддел финансии

Скопје

Application deadline:

  • СТАРКОН ШИПИНГ ДООЕЛ

Кои сме ние?

Старкон Шипинг е официјален регионален застапник за третата најголема бродската компанија во светот COSCO SHIPPING LINES за Македонија, Албанија и Косово.

Компанијата е основана во 2018-та година со седиште во Скопје и филијала во Драч, Албанија. Со своето изобилство на услуги и силно присуство на пазарот, Старкон Шипинг е реномиран лидер во регионот и еден од најбрзо растечките бизниси во Македонија.

Компанијата COSCO SHIPPING LINES е кинеска државна компанија основана во 2005-та година, која е успешно рангирана на 264-тото место на листата на Forbes Fortune 500 Global.

Компанијата брои 118.243 вработени ширум светот и е сопственик на огромна флота на бродови како и пристаништа, контејнерски терминали и останати компании во останатите придружни дејности.

Нашата визија:

Нашата филозофија и клучна стратегија е да ги поврземе и подобриме сите наши операции што е можно подобро, со цел да додадеме вредност во услугите што им ги нудиме на нашите ценети клиенти. Само поради оваа причина, опсегот на услуги што ги обезбедуваме претставува збир на такви позитивни идеали, кои ја составуваат и дефинираат нашата првокласна услуга, понудена од нашиот стручен тим и пријателски персонал кој ги исполнува високите стандарди на нашите компаниски цели.

Бизнис принципи

  • Да се биде иновативен.
  • Надминување на предизвиците.
  • Подобрување на бизнис културата.
  • Одржување на лојални и долготрајни односи со клиентите, но и со тимот.

Зошто да не одберете нас?

Нашиот менаџмент верува дека луѓето во компанијата се нашето најголемо богатство и клуч за континуиран напредок кон целите и успехот, и како такви, ние сме посветени да обезбедиме кариери и работни средини во кои нашите вработени ќе можат да се истакнат до својот целосен потенцијал. Нашите тимови се стимулирани да разговараат за прашања и пречки директно со раководството и да предложат начини за подобрување на перформансите и продуктивноста. Компанијата го поддржува личниот и професионалниот развој преку социјални собири, групни патувања, посети на саеми и курсеви, како и инвестирање во нови вештини и обуки за членовите на тимот.

Имаме потреба од:

Вработување во оддел финансии

Специфични задачи и одговорности на работната позиција:

  • Комуникација и организирање на документација потребна за во сметководство.
  • Банкарско работење, управување со приливи, купување девизи, распределување на приливи.
  • Изработување на повеќе месечни финансиски извештаи.
  • Интензивна комуникација на Англиски јазик и високо професионален однос.
  • Носење на одговорност за работата во рамките на своите овластувања и извршување на други работи што ќе му бидат доверени од страна на претпоставениот.

Потребни квалификации:

  • Универзитетско образование (Економија, , Финансии, Сметководство).
  • 3 годишно работно искуство.
  • Одлично познавање на англиски јазик. 
  • Одлично познавање на MS Office пакетот, особено раководење со Excell формули.
  • Насоченост кон постигнување на резултати, тимско работење, лојалност, желба за континуиран развој, учење и стекнување нови искуства. 
  • По можност лиценца за сметководител.

Од кандидатот очекуваме:

  • Способност за работа во тим;
  • Силни организациски вештини и приоритизирање на работните задачи;
  • Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност;
  • Висока организираност и одговорност;
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со строги рокови.
  • Високо развиени аналитички и организациски способности;
  • Високо развиени комуникациски способности;
  • Одлични аналитички способности и прецизност во работењето;
  • Висока мотивација за унапредување на веќе постоечкото искуство.

Ви нудиме:

  • Работа во динамична, професионална и стимулативна средина;
  • Позитивна тимска атмосфера;
  • Одлични работни услови.

 

Ако мислите дека сте вистинскиот кандидат за да бидете наш следен член во тимот, испратете ја Вашата биографија електронски преку полето Аплицирај.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more