Vrabotuvanje.com - Доставувач - Битола - Битола - НЕЛТ СТ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Доставувач - Битола

Битола

Application deadline:

  • НЕЛТ СТ ДООЕЛ
 

Затоа што сте:
Професионални,
Енергични,
Посветени,
Ја сакате логистиката!

Бидете дел од НЕЛТ СТ!

 


Кои сме ние?

Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем.  Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.

Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 12 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.

Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Vitalia, Baby Food Factory, А1 Makedonija, Bau Center.

Вработуваме:
ДОСТАВУВАЧ

Опис на работната позиција: 
  • Испорака на роба на купувачот со доставно возило според фактурата по дефинирана рута за движење на возилата
  • Одржување на хигиена на товарниот простор и кабина на возилото за кое е задолжен
  • Визуелен преглед на секое возило наутро и пријава на сите кварови
  • Задолжувања и раздолжувања на документи товарен лист, фактура, патен налог, документ за роба, повратници...)
  • Помош на нововработените во совладување на задолженијата, процедурите и правилата на работното место и компанијата
Услови и компетенции:
  • Основни услови: ССС 
  • Корпоративни компетенци: Долгорочна перспектива, Иновативност, Лична одговорност, Грижа за луѓе, Победнички менталитет
  • Општи компетенци: Задолжитeлно поседување на возачка дозвола Ц категорија
Што нудиме?
  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
  • Годишниот одмор определен согласно Закон за работни односи
  • Одлична работна атмосфера
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
  • Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на афричкиот континент
 
Кандидатот е потребно да поседува подготвеност и страст за предизвици со кои ќе се соочи во првите 6 месеци бидејќи компанијата нуди динамична и мотивирачка средина!
 
Доколку сакате да станете  дел од нашиот успешен и победнички тим, а сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до 21.11.2022 год.
 
За аплицирање на огласот пополнете ја електронската пријава на следниот линк:
https://nelt-mk.oneassessment.com/job/--RzlZk
 
или испратете го Вашето CV во 
Нелт СТ, ДООЕЛ
на ул.32, бр.20,
1041 Илинден, Скопје
 
Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.

Запознајте дел од нашите брендови:
 

​Дознајте повеќе за нас на https://www.nelt.com/mk/

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Traffic, Transport and Maritime amounts to 24.623 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more