Vrabotuvanje.com - Градежен техничар - Скопје - Градежен институт МАКЕДОНИЈА АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Градежен техничар

Скопје

Application deadline:

  • Градежен институт МАКЕДОНИЈА АД-Скопје
 
 
Посветеноста и одржувањето на највисоки стандарди на професионализам, постојаната потрага по иновативни решенија и прифаќањето на нови можности со цел постигнување на најдобри резултати, повеќе од 4 децении го издигнуваат Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје како лидер меѓу градежните компании во обезбедување специфични услуги во градежништвото.
 
Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, каде ќе можете да ја остварите Вашата визија, креативност, да го примените своето знаење и да изградите успешна кариера, аплицирајте на следниот 
 
О Г Л А С
ЗА РАБОТНИ МЕСТА
 
3 (тројца) градежни техничари за работа во Завод лабораторија на објекти во државата и во регионот, со следниве,
 
 
Неопходни компетенции:
  • Средно образование ССП (градежен техничар)  
  • Со или без работно искуство 
  • Познавање на англиски јазик (говорење/комуникација и пишување), 
  • Работа со компјутери (MS Office, Internet),
  • Поседување возачка дозвола Б категорија.
Работниот однос се заснова на определено време во траење од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување.
 

Потребни способности и вештини:
  • Организираност и одговорност
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови.
 
Клучни одговорности и задачи:
  • Одговорен е за подготвување на материјалите, алатите, опремата за  
  • Изведување на сите работи поврзани со дејностите на Завод лабораторија
  • Врши класификација и обработка на резултатите, техничка обработка и 
  • Изработува писмен извештај
  • Помага и учествува во вршењето техничка контрола-надзор на објекти, проекти и испитувања и подготвува техничка документација
 
Ние нудиме:
  • Можност да сте дел од голема регионална компанија со утврден имиџ во градежништвото
  • Стабилност и можност за развивање
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на работодавачот
  • Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции.
 
Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот. 
 
Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок). 
 
Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, овластувања, потврди и др. да се достават во Архивата на ГИ Македонија АД, ул.Дрезденска бр.52 Скопје или преку полето Брза Апликација.
 
Телефон за контакт 02/3091-945
 
Огласот трае 30 (триесет) дена од неговото објавување.
 
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
 
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција. 

Известување за приватност на кандидатите за вработување

Опис на процесот на обработка на лични податоци

Селекција на кандидати за вработување во ГИ МАКЕДОНИЈА АД Скопје

Правен основ

Закон за заштита на личи податоци РСМ бр.42 од 16.02.2020

Контролор

Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје             (посетете ја нашата web страна www.gim.com.mk)

Кои лични податоци ги обработуваме и кој има пристап до нив

Вршиме обработка на личните податоци кои ги имате наведено во Вашата лична биографија

Пристап до Вашите лични податоци имаат вработените и менаџерите одговорни за спроведување на процесот за избор на кандидати и Генералниот директор

Од каде ги добиваме Вашите податоци

Преку Вашата апликација на vrabotuvanje.com.mk или

hr@gim.mk

Зошто ги обработуваме Вашите податоци

Вашите лични податоци ги обработуваме за да избереме соодветен кандидат за отворената работна позиција

Колку време ги чуваме вашите лични биографии

Во период од 6 (шест) месеци од денот на завршување на огласот

Право на жалба за начинот на обработка на Вашите лични податоци

Доколку имате забелешка во однос на обработката на Вашите лични податоци можете да го конрактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци на e-mail адресата oficer.zlp@gim.com.mk

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Construction, Geodesy and Geology amounts to 25.150 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more