Vrabotuvanje.com - Архивар - Скопје - IBU International Balkan University
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Архивар

Скопје

Application deadline:

  • IBU International Balkan University

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Позиција:

Архивар

Меѓународниот Балкански Универзитет има потреба од 1 (еден) Архивар во одделот на Архива.

ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Води евиденција за архивираниот материјал
  • Ажурира релевантни податоци и информации за канцелариското и архивското работење
  • Им помага на колегите за управување со документи и датотеки (складирање, организација и управување со документи и датотеки)
  • Помага со појдовни и дојдовни повици
  • Прима, заверува и распределува документација (распределување на документите меѓу соодветните оддели по нивно потпишувње од соодветните одговорни лица)
  • Завршува други работни задачи дадени од непосреден раководител
  • Ги почитува етичките стандарди и политики на Универзитетот

потребни квалификации

  • Завршено високо образование
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Да поседува потребни знаења, вештини и компетенции за постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење во согласност со законските одредби
  • Да поседува комуникациски вештини, организациски вештини и мултитаскинг способности
  • Напредно познавање на работа со компјутер – одлични вештини за Microsoft Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint, Outlook) и други слични програми
  • Познавање на стандардните софтвери и способност за учење на конкретен софтвер користен од компанијата
  • Одлични писмени и комуникациски вештини во македонскиот и англискиот јазик

личен профил

  • Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок
  • Да го надградува своето знаење и вештина во сферата на стручната терминологија
  • Професионален однос кон работата
  • Одговорност и способност за организација
  • Дискреција и доверливост
  • Да обезбеди транспарентна комуникација со колегите и сите засегнати страни во компанијата
  • Ефективно да соработува со другите колеги за заеднички цели и за одржување на позитивна и доверлива работна средина
  • Предлага и иницира нови идеи и активности
  • Позитивно и ефективно да се прилагодува на промената на околностите
     

Позицијата подразбира работа од Понеделник до Петок, со работно време од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно. 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми можат да аплицираат со биографија (CV) и писмо за препорака преку полето Брза Апликација.

Само апликантите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани за интервју. 

Крајниот датум за аплицирање е: 25.11.2022.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more