ИМАКО ВИНО, Штип е винарска визба со долгогодишно искуство во производството на вино и други алкохолни пијалоци, активен на пазарот во земјата и во странство. Поради натамошен развој и напредок на компанијата, имаме потреба од вработување на лица на следното работно место:
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Локација: Штип
За позиција Техничар за одржување бараме кандидати кои кои ќе се придружат на тимот во Сектор Техника и одржување во винаријата во Штип.
- Брза реакција, детектирање и отстранување на дефекти минимизарајки го времето на прекин
- Тековно и превентивно одржување на индустриски машини, снимање на податоци од неисправноста на машините
- Способност за контрола и замена на мерни индустриски инструменти
- Подршка на инсталации на опремата
- ССС / ВКВ степен на образование
- Работно искуство од минимум 2 години (преферирано искуство во производствени индустриски капацитети)
- Тимски пристап во работењето како и способност за индивидуална работа
- Самоиницијативност, енергичност и посветеност кон работата со интерес за подобрување.