Vrabotuvanje.com - Технолог за готвени јадења - Скопје - СПЕЦИЈАЛ - ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Технолог за готвени јадења

Скопје

Application deadline:

  • СПЕЦИЈАЛ - ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје
 
 
СПЕЦИЈАЛ-ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје е компанија со 30 годишна традиција која поради понатамошен развој објавува оглас за:
 
ТЕХНОЛОГ ЗА ГОТВЕНИ ЈАДЕЊА
 

Потребни квалификации:
  • Завршено високо образование - дипломиран инженер прехранбен технолог или дипломиран инженер агроном
  • Претходно работно искуство минимум 2 години во прехранбена индустрија ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на MS Office пакетот
  • Задолжително познавње на емаил комуникација и практикување на истата
  • Познавање на англиски јазик
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија
 
Одговорности и задачи:
  • Изработка и корекција на нормативи и декларации, како и усогласување на истите со реалната постапка
  • Изработка на рецептури и корекција на истите согласно реалните постапки
  • Контрола на квалитет и евалуација на испорачан производ и постапки за работа
  • Контрола на Вработените и нивното работење во тимот 
  • Испорачување на дневни, неделни и месечни извештаи до претпоставените на повисоко ниво 
  • Изработка на оперативни и оргазнизациски планови, како и контрола и евалуација на истите 
  • Изработка на менија, корекција и евалуација на истите
  • Воведување на иновации во работењето, следење на трендови и импементација на истите 
  • Ефикасно ефективно и домаќинско работење 
  • Задолжен/а за воспоставување, спроведување и контрола на стандардите во Друштвото согласно законската регулатива;
  • Задолжен/а за одржување на системот за безбедност на храна и управување со квалитет со цел да овозможи производство на здравствено исправни производи кои ги исполнуваат законските регулативи и барањата за квалитет, како и задоволувањата на барањата на потрошувачите;
  • Одговорен е за ажурно водење на документацијата;
  • Го одржува HACCP во Друштвото преку одржување на процедурите и сите потребни дополнителни документи;
  • Воспоставува комуникација со клиентите со цел подобрување на квалитетот на целокупното работење и техничките перформанси;
  • Спроведува обука на вработените за сите процедури поврзани со управување на квалитет, безбедност на храна и хигиена и
  • Води грижа за здравствениот билтен на вработените (санитарни книшки).
 
Способности и професионални вештини:
  • Навремено исполнување на работните задачи
  • Организирана,ефикасна ефективна  одлучна и одговорна личност
  • Способност за водење на тим и развиена професионална  комуникација
  • Лојалност, самоиницијативност, амбициозност ,темелност и  енергичност
  • Способност за работа под притисок
     

 Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете ја Вашата биографија на преку полето Брза Апликација.

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Human Resources amounts to 36.801 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more