ПУДГ Британска Детска Академија – Скопје работи повеќе од 16 години во областа на воспитување и едукација на деца од претшколска возраст. Професионалноста и правилниот пристап во грижата на децата им овозможува да добијат индивидуален и холистички пристап во текот на целиот воспитно-образовен процес.
Бараме мотивирана и посветена личност која ќе стане дел од нашиот тим, и нудиме работа во позитивна атмосфера, со редовни месечни примања и континуирана едукација.
Воспитувач во предучилишна установа
ОПИС на работното место:
- Воспитувачот ја врши воспитно образовната дејност во градинката; изготвува месечен и годишен план согласно програмата за работа со деца; ја следи работата и поведението на секое дете и работи на негово развивање и унапредување; води педагошка евиденција; врши други работи за потребите на градинката.
услови:
- ВСС
- Пожелно е кандидатот да има релевантно претходно искуство и да поседува лиценца,
- Одлично познавање на Англиски јазик,
- Тимски играч,
- Ентузијазам и иницијативност,
- Задолжително е да сака да работи со деца.
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате погоре наведените критериуми, Ве покануваме да се пријавите со испраќање на Вашето CV преку полето Брза Апликација.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани.