Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, поради проширување на својот тим во секторот Квалитет има потреба од:
ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ НА ДОБАВУВАЧИ
За позицијата:
Управува со неусогласености од Добавувач, од аспект на реактивност (48ч/10д/30д) и методологија (QRQC) при што користи Корпоративни/Групни Стандарди за APQP со секој Добавувач. Го води процесот на FAI за одобрување на први примероци од Добавувач.
Главни одговорности:
- Евидентирање на неусогласености кон Добавувачи како и настанати трошоци за истите во WIM-S.
- Комуницира со Добавувачи за откриени неусогласености во врска со нивни производи/испораки, со цел Добавувачот веднаш да изврши соодветен карантин/отстранување на проблематични делови кои сеуште не се испорачани во Вабтек МЗТ.
- Потврдува соодветност и ефикасност на активности од Добавувачи, преку следење на повторливост на неусогласености.
- До Директор на Квалитет / или Директор за набавки, ескалира проблеми кои претставуваат точка на блокирање на активности на Добавувачи, а кои се во врска со разрешување на неусогласености на Добавувачи.
- Учествува во платформата за QRQC - S, каде следи статус на неусогласености до нивно разрешување.
- Изготвува неделни, месечни и годишни извештаи во врска со активности и перформанси на Добавувачи. Учествува на групни и корпоративни состаноци.
Потребни квалификации:
- Машински инженер, машински техничар или сродно образование од техничка струка.
- Познавање на работа со мерни инструменти (шублер, висиномер, СММ).
- Предност - Работно искуство во контрола на квалитет, познавање на Англиски јазик
Нудиме:
- Компетитивни редовни месечни примања во зависност од знаењата и искуството
- Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон
- Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
- Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
- Пријатна и безбедна работна средина
Вашето CV испратете го преку полето Брза Апликација