За потребите на Веро супермаркетите потребен е:
МЕНАЏЕР ЗА КАТЕГОРИЈА НА ПРОИЗВОДИ (BUYER)
Главни одговорности:
- Управување со категоријата на производи.
- Преговарање со добавувачи – следење на продажба на производи од аспект на количества, маржа и учество на пазарот, преземање мерки за постигнување на цели, склучување на договори.
- Планирање, анализа и контрола на продажба и профит во рамките на својата категорија.
- Договарање промотивни активности со добавувачите, акциски продажби, нивна контрола и реализација.
- Креирање и дефинирање на правила за изложување на производи во малопродажните објекти.
- Предлагање на промотивни стратегии за покачување на прометот и профитот.
- Следење на залиха – квалитет и коефициент на обрт на залиха на производи.
- Одржување на мрежа на постојани редовни добавувачи како и пронаоѓање на нови добавувачи.
- И друго.
Потребни квалификации, способности и вештини:
- ВСС (Економски факултет ќе се смета за предност)
- Работно искуство на иста/слична позиција ќе се смета за предност
- Развиени комуникациски, преговарачки и аналитички вештини
- Креативност, иницијативен и проактивен пристап ќе се смета за предност
- Добро познавање на англиски јазик
- Добро познавање на MS Office пакетот, Excel
- Б категорија
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку Брзата Апликација со назнака за позицијата “Менаџер за категорија на производи (Buyer)” најдоцна до 27.12.2022 година