Vrabotuvanje.com - Legal Advisor - Скопје - Grouper.mk
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Legal Advisor

Скопје

Application deadline:

  • Grouper.mk

Grouper.mk најголемиот водечки сајт за е-трговија во Македонија има потреба од 
 
LEGAL ADVISOR 
 
 
Опис на работни обврски и одговорности:
  • Правна поддршка при креирање на деловни процеси и политики, со цел усогласеност на сите процеси и операции со законските прописи
  • Подготовка на документација од е-трговијата и усогласување со соодветната законска рамка
  • Креирање и спроведување на постапката за приговори како и правила за комуникација со потрошувачите, во согласност со Законот за заштита на потрошувачите
  • Разгледување на пријавени поплаки од потрошувачите, одлучување за нивната основаност и подготовка на одговори 
  • Учество во подготовката и извршувањето на вонсудското решавање на споровите со потрошувачите
  • Комуникација со државните органи, институции и организации
  • Преземање на сите дејствија и подготовка на правни документи во врска со е-трговија, во која како странка учествува компанијата
  • Застапување на компанијата и непосредна соработка и комуникација со инспекциските органи (редовни, нередовни и советодавни инспекциски контроли од страна на пазарната инспекција), како и подготовка на правни документи во горенаведените постапки.
 
Потребни квалификации: 
  • ВСС Дипломиран правник
  • Познавање на законските процедури и прописи
  • Одлични аналитички вештини 
  • Способност за решавање на проблемски ситуации
  • Спосоност за управување со време и организациски вештини
  • Одлични комуникациски вештини
  • Тимски играч и способност за соработка
  • Познавање на Microsoft Office и англиски
 
За сите кандидати ќе бидат обезбедени соодветни обуки, со цел стекнување на сите потребни знаења за извршување на задачите на работното место.
 
Ако сакаш да станеш и ти дел од успешната приказна на Grouper испрати ја твојата апликација преку полето Брза апликација.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more