Промедика Медикал Центар е приватна поликлиника која Ви нуди широк спектар на специјалистички услуги и професионална и квалитетна нега од дијагноза до рехабилитација во пријатен амбиент. Промедика Медикал Центар го сочинуваат тим стручни лица спремни со своето знаење, искуство, трпеливост и љубезност да се грижат за вашето здравје, почитувајќи ги највисоките стандарди и принципи на современата медицина и препораките на СЗО.
Приемот на пациенти се извршува во современо опремен и топол амбиент во кој ќе се чувствувате пријатно добредојдени во секое време. Во нашата установа работат стручњаци од различни медицински области кои со помош на најсовремената опрема се во можност брзо и прецизно да постават дијагноза и да ординираат соодветна современа терапија.
Објавуваме оглас за следната работна позиција:
ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ИНТЕРНА МЕДИЦИНА
- Завршено високо образование
- Со или без претходно работно искуство
Личен профил:
- Професионален и љубезен однос кон клиентите
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност
Доколку бараната позиција е предизвик за Вас и имате желба да станете дел од нашиот тим, Ве охрабруваме Вашата Професионална биографија да ја испратите преку полето “Брза Апликација”!