Локација: Тетово/Гостивар
Оддел: Продажба
Рок за пријавување: 10.02.2023
Позиција: 1
Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Комерцијалист/ка за реон Тетово - Гостивар
Цел на работното место:
Одговара за остварување на конкретни продажни резултати, за обезбедување на присутност и достапност на асортиманот, на брендовите и артиклите на компанијата на продажно место со цел да придонесе за зголемување на продажбата и реализација на поставените таргети.
Услови за работа:
Редовна месечна плата
Полно работно време- 40 часа
Работа на определено време
Пријатна работна атмосфера
Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства.
Потребни квалификации:
Средно или високо образование
Возачка дозвола, Б категорија
Најмалку 1 година искуство во продажба
Комуникациски вештини
Познавање на англиски јазик
Искуство во работење со канцелариска опрема
Општо познавање на модерната комуникациска технологија
Способност за управување со патничко возило
Работни задачи:
Планирање и организирање на продажни активности
Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата
Развивање и одржување на односите со клиентите
Прием на нарачки и наплата
Изработка на потребна документација
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна преку полето Аплицирај и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 10.02.2023
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Sales amounts to 22.310 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!