Vrabotuvanje.com - Стручен Соработник/Медицински претставник - Скопје - СОЛВИС ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Стручен Соработник/Медицински претставник

Скопје

Application deadline:

  • СОЛВИС ДОО

СОЛВИС ДОО Гевгелија е ексклузивен увозник на програмата од реномираниот производител на дермокозметика и медицински помагала ISTITUTO GANASSINI од Милано Италија и Epsilon Health Greece, во Македонија присутна од 2012 година.

 
Во моментов имаме потреба од следнава работна позиција:
 

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК/МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК​
 

 
 
Од избраните кандидати се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.
 
Потребни квалификации:
  • Универзитетска диплома VII степен (фармацевтски факултет)
  • Работно познавање на MS office пакетот
  • Одлични организациски способности и вештини на планирање
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Одлично познавање и говорење на Англиски јазик
  • Валидна возачка дозвола Б-категорија (искусен возач)
  • Претходно искуство како медицински преставник ќе се смета за предност
  • Кандидатот да биде со место на живеење во Скопје

 
Oдговорности:

  • Реализација на предвидениот план за продажба
  • Спроведување на предвидените маркетинг активности
  • Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи
  • Посета на лекари и фармацевти 
  • Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на конференции и семинари
  • Градење на добри релации со клиентите и претставување на компанијата СОЛВИС
  • Припрема на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион

Профил на идеалниот кандидат:

  • Лојална и посветена личност
  • Самоиницијативност во реализација на зададените цели
  • Ориентиран кон резултати
  • Подготвен за учење, усовршување и надоградување
  • Подготвен за патување
  • Отворен, искрен и позитивен став
  • Тимски играч

Ние нудиме:

  • Можности за градење на кариерата во успешна компанија која брзо расте
  • Интересна и динамична работна средина
  • Службен автомобил, мобилен
  • Конкурентен паричен надоместок соодветен на постигнатите резултати  
  • Едукација во Грција

 

Доколку сте комуникативни, сакате динамична работна средина во областа на маркетингот и комерцијата, преку која ќе бидат препознаени Вашите индивидуални и тимски карактеристики и сте подготвени за Ваше понатамошно лично и стручно усовршување, Ве покануваме да станете и Вие дел од тимот на СОЛВИС.

Испратете ги Вашето резиме (кратка биографија) со фотографија на македонски и англиски јазик, мотивациско писмо, уверение за завршено соодветно образование, како и копија од возачката дозвола, електронски преку полето Брза Апликација.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Healthcare and Social Work amounts to 23.752 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more