Vrabotuvanje.com - Комерцијалист за амбулантна продажба - Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово - БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Комерцијалист за амбулантна продажба

Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово

Application deadline:

  • БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА

B.M Group е семејна групација, присутна на албанскиот и регионалниот пазар од 2004 година. Компанијата е ангажирана првенствено во директна дистрибуција во сите канали на продажба.

B.M Group со трговија и дистрибуција покрива 10 пазари под добро воспоставени, посебни правни лица во: Албанија, С.Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Словенија, Словачка, Грција, Англија и САД.

B.M Group портфолиото има ексклузивност во продажбата на брендовите на Royal Swinkels Family Brewers кои се втори најголеми извозници на пиво во Холандија. Дел од брендовите се и Energy Drink B52, Bavaria Beers и други алкохолни и безалкохолни пијалоци

Фокусот на компанијата е на квалитетот, иновативноста и диференцијацијата.
Имаме потреба од:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА АМБУЛАНТНА ПРОДАЖБА
ЗА РЕГИОНИ: СКОПЈЕ, ТЕТОВО/ГОСТИВАР и КУМАНОВО

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Врши посета на зададен регион според рута за посета и преговара за продажба и изложување на производите управувајќи со комерцијално/товарно возило за амбулантна продажба (Volkswagen Caddy)
  • Се грижи за залихите, изгледот и позиционирањето на производите во постоечките продажни објекти
  • Континуирано освојува нови продажни места и гради професионални односи со постоечките клиенти
  • Презентирање и продажба на постоечките и новите производи кај постоечките и потенцијалните купувачи
  • Се грижи за присатност на комплетното портфолио и залихите кои треба да се испорачат
  • Одговара за исправноста и хигиената на задолжените средства (возило, технички апарати) и за соодветно чување, складирање и ракување со готовите производи кои се предмет на продажба
  • Преговара и договара поставување на дисплеи, полици и ладилници и нивна правилна употреба
  • Ги следи активностите на конкуренцијата и дава предлози за подобрување на севкупното работење
  • Извршува останати работни задачи кои се доделени од претпоставените


ПОТРЕБНО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО:

  • Завршено минимум ССС
  • Минимум 1 година искуство во продажба на алкохолни/безалкохолни пијалоци или прехрана
  • Познавање на MS Office пакет
  • Возачка дозвола Б категорија


ЛИЧЕН ПРОФИЛ;

  • Развиени комуникациски и продажни вештини и претприемачки вештини
  • Проактивност, планирање на дневни/неделни/месечни активности
  • Уредност, одговорност и флексибилност
  • Тимски работник, амбициозен за сопствен развој, како и за развој на тимот


ШТО НУДИМЕ:

  • Работа со Premium интернационални премиум брендови увезени од Холандија и Белгија
  • Редовни месечни примања и одлична можност за напредување
  • Месечни бонуси согласно остварените резултати во продажбата и наплатата
  • Дополнителен регрес и награди согласно утврдените критериуми на годишно ниво
  • Работа во пријателска и динамична работна атмосфера
  • 40 работни часа неделно, распределени во 5 или 6 работни дена (сезонски се работи 6 дена во неделата)
  • Нето плата 24.500 денари како и одлична можност за дополнителни месечни бонуси


Доколку Вашата иднина ја гледате како член на нашата компанија, испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација со назнака за кој регион аплицирате

 

БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА е дел од BМ GRОUP – есклузивен дистрибутер на ROYAL SWINKELS FAMILY од Холандија за регионите на Македонија, Србија, Грција, Црна Гора, Косово, Албанија, Словенија

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more