Vrabotuvanje.com - Проектен координатор - Скопје - ТЕ-ТЕ ПЛАСТ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Проектен координатор

Скопје

Application deadline:

  • ТЕ-ТЕ ПЛАСТ ДООЕЛ
 
 
 
ТЕ-ТЕ ПЛАСТ д.о.о.е.л. е извозно ориентирана компанија која што се занимава со изработка на алати/калапи за бризгање/дување пластика, лиење на алуминиум и сериско производство и монтажа на компоненти од пластика. 


ТЕ-ТЕ ПЛАСТ објавува ОГЛАС за работна позиција:
ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР
 
 

Одговорности и задачи:
  • Планирање и обезбедување на потребните ресурси на ниво на проект
  • Изработка на план и стратегија на активности на ниво на проект
  • Распределба на работни задачи по работни позиции во рамки на проектот 
  • Изработка на термински план и негово редовно ажурирање
  • Комуникации со клиентот во врска со текот на проектот и известувања за евентуални отстапувања од договорениот рок на испорака
  • Организирање состаноци со проектниот тим
  • Организирање состаноци на проектниот тим со клиентот
  • Распределба на ресурси во рамки на проектниот буџет
  • Предвидување, анализирање и менаџирање на потенцијални ризици
  • Контрола на активностите по план за работа
  • Креирање извештаи и потребна документација
  • Проследување на информации до претпоставеното лице 
  • Постојана комуникација со проектниот тим за да се обезбеди максимална ефикасност и оптимална стратегија
 
Потребни квалификации:
  • Завршено соодветно високо образование – Машински, Електро или Технолошки факултет имаат предност
  • Пожелно претходно работно искуство на наведената позиција
  • Високо развиени аналитички, организациски и комуникациски способности
  • Одлично познавање на MS Office
 
Способности кои се потребни да се поседуваат:
  • Способност за работа во тим
  • Одговорност и аналитички способности
  • Иницијативност и адаптабилност
  • Организациска способност за работа под притисок и запазување на крајни рокови
 
Ние нудиме:
  • Конкурентна плата
  • Предизвик, стабилност и можност за учење и напредување
  • Континуирано усовршување
 
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат и да достават свое CV преку полето Брза Апликација со назнака: Апликација за работно место -Проектен координатор.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more