За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 300 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:
СОФТВЕР ИНЖЕНЕР – 5 извршители
Основни одговорности и задачи:
- Истражување на различни софтверски алатки
- Развој и тестирање на научно истражувачки алгоритми ( C++, C#, Matlab )
- Развој на софтверски систем за offline програмирање, управување и симулација на CNC роботизирани машини (MikroPlace , Winding Expert). Работа во C++ и QT околина;
- Развој на софтверски системи за контрола на квалитет (QCS). Работа во C# и .NET околина и SQL датабази (Microsoft SQL Server).
Квалификации и компетенции:
- Завршен Факултет за информатика – програмирање или при крај со студии
- Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Отворените работни позиции се во нашите канцеларии во Прилеп и во Скопје.
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку копчето Брза Апликација.
Рокот за пријавување е до 28.02.2023г.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.