Vrabotuvanje.com - Агент за деловен развој (хот спот продажба)- Битола - Битола - Lycamobile
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Агент за деловен развој (хот спот продажба)- Битола

Битола

Application deadline:

  • Lycamobile

Мисијата на Lycamobile е да ги поврзе пријателите и семејството околу целиот свет. Како најголем светски меѓународен мобилен виртуелен мрежен оператор (MVNO), Lycamobile обезбедува ниска цена, интернет со висок квалитет и говорни услуги за повеќе од 16 милиони корисници во 25 земји. Со самото проширување нуди широк спектар на финансиски и туристички услуги, вклучувајќи ги и Lycamoney и Lycafly, кои им помагаат на луѓето да контактираат преку границите. На македонскиот пазар веќе неколку години семејството на Лајкамобајл е во пораст, преку понуда која вклучува пакети со мобилни комункациски услуги достапни по атркативни цени и врвен квалитет.
 

Како резултат на зајакнување на нашите деловни операции, во потрага сме по член на позицијата:
 
АГЕНТ ЗА ДЕЛОВЕН РАЗВОЈ (ХОТ СПОТ ПРОДАЖБА)- БИТОЛА


Агентот за деловен развој развој е одговорен за максимална видливост и препознатливост на продуктот, развој и проширување на корисничката мрежа во одредена зона, со вклучен акцент на маркетинг сегмент со ефективно презентирање/продажба на компанискиот продукт  и останати поврзани услуги. Контактира и обезбедува нови деловни корисници.

 
 
Работни задачи:
  • Демонстрирање и објаснување на продукти, методи и услуги
  • Обезбедување на примероци од продукти, постери, информативни брошури или други стимулации за презентација на трговците на мало со цел да се склучи соработка со истите
  • Промовирање на продукти и евидентирање/подготовка на извештаи за продажба
  • Способност да се развие длабинско разбирање за потребите и навиките на трговците на мало во одредената територија (зона)
  • Способност да се идентификуваат можностите на пазарот и обезбедување на различност од конкуренцијата со цел да се обезбеди растна соработката со трговците на мало
  • Промовира/продава/обезбедува нарачки од потенцијалните трговци на мало преку пристап заснован на клиентски односи
  • Брзо и ефикасно решавање на проблеми и поплаки од клиентите.
 
Квалификации и вештини: 
  • Продажба и маркетинг
  • Комуникациски вештини
  • Внимание на деталите
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Приспобливост за теренска работа.
 
Што нудиме:
  • Работа во динамична и пријатна работна атмосфера полна со интересни предизвици, во сектор телекомуникации и интернационална компанија
  • Полно работно време, понеделник до петок, од 09- 17 часот
  • Основна нето месечна плата: 28.000,00 ден.
  • Почеток со работа – по договор.
 
Доколку се гледате себеси во наведениот профил на кандидат Ве охрабруваме да ја испратите вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација задолжително со назнака „Агент за деловен развој (хот спот продажба)- Битола”

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Human Resources amounts to 36.801 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more