Затоа што сте:
Професионални,
Енергични,
Посветени,
Ја сакате логистиката!
Бидете дел од НЕЛТ СТ!
Кои сме ние?
Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем. Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.
Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 11 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.
Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Vitalia, Campina, Mladegs Pak, Teekanne, Baby Food Factory, А1 Makedonija, Bau Center.
Вработуваме:
ВОЗАЧ ВО МЕЃУНАРОДЕН ТРАНСПОРТ
- Превоз на роба во меѓународен патен сообраќај, а по потреба и во домашен патен сообраќај
- Врши контрола на количината на робата согласно документацијата и дадените насоки
- Врши контрола на цела документација потребна за правилно извршување на превозот
- Пријавува дефекти и недостатоци на возилото
- Укажува на потреба за сервис и регистрација
- Одржување на возилото чисто и секогаш спремно за пат
- Поседување на целосна документација за непречено обавување на обврските
- Почитување на сообраќајните знаци и прописи во земјата и во странство
- Правилно пополнување и евидентирање на документација при транспорт, натовар/растовар и преминување меѓународни гранични премини
- Превоз на роба согласно налог даден од страна на претпоставените
- Обавува задачи делегирани од страна на директно надредените во делот на сопствените компетенции а поврзано со работата на позицијата на која припаѓа
- Најчести релации: Македонија, Србија, Унгарија, Чешка, Полска, Литванија, Латвија
- Основни услови: ССС
- Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
- Општи компетенции :
1. Основно познавање на механика
2. Најмалку 3 години искуство со управување на тешко товарно возило
3. Важечка возачка за B, C и E категорија
4. Важечки сертификат за возач во меѓународен превоз
5. Важечка возачка картичка
- Функционални компетенции : Решавање на проблеми, Комуникација, Управување со луѓе, Поставување на приоритети
Што нудиме?
- Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
- Годишниот одмор определен согласно Закон за работни односи
- Одлична работна атмосфера
- Различни мотивациски и тим билдинг активности
- Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на афричкиот континент
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен и победнички тим, а сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до 16.02.2023 год.
За аплицирање на огласот пополнете ја електронската пријава на следниот линк:
https://nelt-mk.oneassessment.com/job/--BmA0K
или испратете го Вашето CV во
Нелт СТ, ДООЕЛ
на ул.32, бр.20,
1041 Илинден, Скопје
Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.
Дознајте повеќе за нас на https://www.nelt.com/mk/