VII - 1 степен стручна подготовка - Диплома од универзитетско образование од компјутерски и телекомуникациски технологии
Опис на работно место и одговорности:
Инсталирање, конфигурирање и администрирање на MS Windows оперативни системи;
Администрирање Active Directory околинана MS Windows Server;
Администрирање на MS Exchange server;
Администрирање на Domain Controller;
Конфигурирање и надгледување на виртуелна околина VMware виртуелни платформи;
Конфигурирање и администрација на Linux оперативни системи;
Конфигурирање на антивирус и антиспам филтри;
Администрирање на резервни копии и системи со резервни копии;
Следење на сигурност на серверска инфраструктура и превенција од неовластен пристап;
Изготвување на детална техничка документација.
Способност:
Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
Тимски дух, позитивен став и однесување;
Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
Добри организациски вештини, личниот интегритет и професионален однос;
Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
Поседување на возачка дозвола од Б категорија без старател;
Познавање на англиски јазик читање и пишување;
Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност;
Претходно работно искуство како систем администратор VMware, Unix/Linux OS, MSSql, MySQL, Oracle, MS Exchange ќе биде земено како предност.
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат кратка биографија (CV) на македонски јазик преку полето Брза Апликација со Subject: ”Оглас за Администратор за системски софтвер” најкасно до 12.02.2023 година.
Знаењето на кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе биде проверено и потврдено преку писмено и усно тестирање.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Banking amounts to 34.278 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!