Повеќе од 45 000 вработени во преку 100 држави секој ден го обезбедуваат местото на Scania Македонија меѓу водечките претпријатија во транспортната индустрија.
Снаодливост и способност за препознавање на решенија се клучни елементи кои ги бараме кај нашите работници, бидејќи за нашите клиенти најважни се достапноста на возилото и правовремено исполнување на нивните цели.
Доколку сте спремни да го прифатите предизвикот, ви нудиме можност за вработување во нашата филијала во Скопје
Scania Македонија вработува:
СЕРВИСЕН СОВЕТНИК М/Ж
Главни задачи:
Придонес кон што повисок капацитет на работилницата (планирање на работата во работилницата)
Примање на телефонски повици од клиентите и запознавање и информирање на клиентите во сервисот (општи информации, претставување и нудење на нашите сервис производи, рекламации, пријавување клиенти на сервис, превземање и издавање на возилата..)
Воспоставување однос со клиентите и клучна улога во обезбедување на задоволство кај клиентите.
Извршување на сите потребни административни работи во рамки на работното место (издавање на сметки, отварање и затварање работни налози, контрола и архивирање на сметки, припрема на статистички извештаи)
Извршување други задачи на барање на надредениот.
Нашите очекувања:
Предност имаат кандидатите со претходно искуство во автомобилската индустрија.
Желба за работа во автомобилска индустрија.
Позитивен однос и организациски способности.
Одговорност и ориентирност кон клиенти.
Способност за тимска работа.
Самостојност, самоиницијативност и ориентираност кон решенија.
Активно познавање на англиски јазик и барем еден од следните јазици: хрватски, српски, босански;
Добро познавање на WINDOWS околините и програмите Office.
Возачка дозвола Б категорија, посакувано е и Ц категорија.
Нудиме:
Склучување деловен однос на неодредено време со 6 месечен пробен период.
Вработување во меѓународно претпријатие.
Можност за дообразување, личен раст и напредок.
Стимулативен бонус систем.
Работа во околина која поттикнува развој на индивидуалецот.
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги испратат преку полето Брза Апликација.
Scania Македонија. Сѐ започнува со вас.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Installations, Maintenance and Repairs amounts to 24.722 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!