Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Скопје - ОЛИМПИКО ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Комерцијалист

Скопје

Application deadline:

  • ОЛИМПИКО ДОО
 

 

INSTAGRAM: www.instagram.com/olimpiko.mk
FACEBOOK: www.facebook.com/Olimpiko.mk
TELEFON: 02/3064-689 и 071/205-800

ЗА НАС

На пазарот во Македонија, Олимпико постои веќе 30 години и е синоним за квалитет во продажбата и монтажа на пневматици од светските познати брендови Michelin, BFGoodrich, Тigar, Bridgestone, Pirelli и Firestone. Нашата мисија е постојано да го унапредуваме сопственото работење, да ги следиме свтските трендови во оваа исклучително конкурентна индустрија, да го зајакнуваме и да го едуцираме тимот, со цел континуирано да го одржуваме и да го поткреваме имиџот на ОЛИМПИКО.

Бараме:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ (малопродажба/големопродажба)

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Аналитички програми и презентирање;
  • Возачка дозвола – Б категорија, по можност и Ц категорија;
  • Менаџирање и контролирање на вработени (подредени).

Опис на работни задачи:

  • Да ги запознае купувачите со вистинскиот асортиман на производи, ценовната политика и сите услови на соработка;
  • Ја следи работата на конкуренцијата, известува и предлага активности;
  • Одговорен е за навремена наплата на сите доспеани долгувања, како и за целокупното административно водење на продажба;
  • Посети на клиенти;
  • Должен со својата работа да придобие што поголем број на купувачи;
  • Должен да го поддржува тимскиот дух, да соработува;
  • За време на своите посети во целост да ги застапува интересите на компанијата и да допринесе за оддржување на имиџот на компанијата која е ориентирана кон купувачите;
  • Да ги развива, да води сметка околу личното усовршување;
  • Планирање и организирање на продажни активности;
  • Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата;
  • Развивање и одржување на односите со клиентите;
  • Опслужување на клиенти во компанијата;
  • Изготвување на понуди по спецификација;
  • Изготвување на прегледни и графички средени извештаи и невно презентирање кај надредените;
  • Воведување на нови процеси и стратегии за подобрување на работата во работилница и вработените.

Лични карактеристики:

  • Организираност и одговорност;
  • Способност за тимска работа;
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност;
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ

Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, испратете ја Вашата биографија преку Брзата Апликација.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more