Vrabotuvanje.com - Оператори во производство - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Оператори во производство

Скопје

Application deadline:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје


Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.

Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.
 
За потребите на нашето производство, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за отворените позиции:
 
Оператори во производство 
 
Клучни одговорности:
  • Работи со сите главни и помошни уреди на постројката согласно програмата за работа
  • Пред да почне со работа ја утврдува исправноста на постројката и другите помошни уреди 
  • Врши припрема на материјалот 
  • Ги контролира сите помошни табли 
  • Го контролира квалитетот на материјал 
  • Ја контрoлира исправноста на постројката и сигнализира за сите неисправности кои ќе се појават 
  • Го управува движењето на целата линија, го регулира затегнувањето и ги обележува котурите на излезниот дел по редослед на процесирање 
  • Ги извршува сите административни работи (извештаи, внесувања, известувања, итн) согласно процедурите за работа 
  • Се грижи за хигиената (чистотата) во својата смена и истата ја предава исправна на наредната смена
  • Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија
  • Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот главен претпоставен
 
Личен профил:
  • ССС 
  • Со или без работно искуство
  • Можност за работа во смени
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа
 
Што нудиме:
Динамична работна средина во која се стимулира учење и професионален развој. Конкурентен надомест како и ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ.
 
 
Доколку барате можност за работа на предизвикувачки проекти, со цел да влијаете на бизнисот на позитивен начин, Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза апликација.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Human Resources amounts to 36.801 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more