Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.
Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.
За потребите на нашето производство, на одделот Поцинкална, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:
- Работи на командни табли на целата линија
- Работи на помошни контролни табли на целата линија
- Ги припрема котурите
- Го контролира квалитетот на материјалот и процесот на постројката со која ракува
- Учествува во отстранување на технолошкиот отпад од соодветното работно место
- Учествува во промена на работните и склоп валци во када
- Учествува во ремонти
- Повремено учествува во одржувачки активности за кои претходно е обучен и квалификуван
- Во отсуство на работни активности, вработениот може да работи на чистење на своето работно место и обележување (фарбање) на линијата на која работи
- Ги извршува сите административни работи (извештаи, внесувања, известувања, итн.) согласно процедурите за работа
- Во отсуство на работни активности истиот може да работи на чистење на простор и машини на делови од целата постројка
- При скината трака на било кој дел од постројката се анагжира за обновување на истата и ставање на линијата за поцинкуван лим во функција
- Учествува во извршување на ремонтни активности и чистење на опремата на целата постројка
- Врши промена на работни валци
- Врши промена на работни валци на дресирен двостан
- Се грижи за хигиената (чистотата) во својата смена и истата ја предава исправна на наредната смена
- Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија
- Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот главен претпоставен.
- ССС
- Со или без работно искуство
- Можност за работа во смени
- Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа.