Администратор во Сектор за Управување на корпоративно банкарство
Потребни квалификации:
Диплома за завршено најмалку средно образование;
Работно искуство во Банка или финансиска институција, ќе се смета за предност;
Да поседува напредни вештини за користење на – Microsoft Office;
Добро познавање на економските трендови и аналитички способности во областа на корпоративниот сектор;
Изразени организациски, аналитички и комуникациски вештини;
Способност за работа под притисок и во брзи рокови;
Подготвеност за преземање на одговорност и иницијатива;
Познавање на англиски јазик.
Одговорности и задачи:
Подготвува договори, анекси кон договори за реализација на пласмани;
Подготвува стандардизирани налози за евиденција на пласманите;
Следи исполнување на обврски на клиенти;
Подготвува извештаи за потребите на Секторот/Банката и надворешни институции;
Следи рана наплата (контактирање со клиенти);
Изработува дописи, потврди, согласности и сл.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Заинтересираните кандитати да испратат CV преку полето Брза Апликација најдоцна до 22.02.2023 година
Со пријавување на објавениот оглас, ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Banking amounts to 34.278 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!