Поради понатамошен развој и зголемен обем на работата во Компанијата, објавуваме оглас за:
ДИРЕКТОР ЗА ГОЛЕМОПРОДАЖБА НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ
Основни одговорности и задачи:
Раководи со секторот за продажба и дистрибуција на нафта и нафтени деривати;
Ги креира и имплементира стратегиите на продажба и во согласност со генералниот менаџер, подготвуваат таргети за продажба за претстојни периоди;
Дава предлози за подобрување и зголемување на продажбата;
Ја координира работата помеѓу вработените во секторот, а особено меѓу: комерцијалистите за продажба и раководителите на бензинските пумпи, складот и дистрибуцијата, референтите за сметководство и референтите за фактурирање;
Секојдневно, во согласност со Генералниот менаџер и менаџерскиот тим ја утврдува продажната цена на големо врз основа на дефинирани параметри за пресметка;
Ја следи состојбата на продажбата врз основа на извештаите од тимот за продажба (комерцијалисти) и врз основа на истите изработува периодични извештаи за реализираната продажба која ја доставува до генералниот менаџер;
Врши продажба на нафтени деривати на коминтенти во Република Македонија и странство, комуницира со постојаните и бара потенцијални клиенти;
Води евиденција на побарувањата од тимот на комерцијалисти и за истите доставува извештаи до генералниот менаџер и дава насоки за поведување на постапка за наплата на побарувањата.
Потребни квалификации:
Високо образование – предност ќе имаат кандидатите со економски или сроден факултет;
Претходно работно искуство на иста или слична позиција од 5 (пет) години ќе се смета за предност;
Активно познавање на странски јазици;
Возачка дозвола Б категорија.
Личен профил:
Одговорна и организирана личност;
Високо изразени лидерски вештини;
Лојалност и професионален пристап кон работата;
Иницијативност, посветеност и амбициозност;
Колегијалност и работа во тим.
Вашето резиме доставете го преку полето Брза Апликација.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!