Поради понатамошен развој и зголемен обем на работата во Компанијата, објавуваме оглас за:
ФИНАНСИСКИ ДИРЕКТОР
Основни одговорности и задачи:
Одговорен за финансиско работење на компанијата, давање на веродостојни финансиски извештаи кон државни органи како и на надредените во компанијата (Генерален директор, Директор и на сопствениците на компанијата);
Раководи и ја координира работата на вработените во финансискиот секторот;
Соработува и дава совети и насоки од областа на финансии на сите директори на секторите во компанијата;
Раководи и организира изработка на годишниот финансиски план и буџетите во компанијата;
Соработува и одржува поволни деловни односи со деловните банки и другите финансиски институции и управува со кредитните обврски на компанијата;
Изработува редовни месечни, квартални и годишни анализи и извештаи и дава предлози за унапредување на работењето;
Води евиденција на вкупните обврски на Друштвото кон добавувачи и дава дневни/неделни/месечни планови за намирување на обврските;
Управува, планира и ги контролира сите инвестиции на компанијата;
Следење на сите законски прописи во областа на финансиите и финансиското работење.
Потребни квалификации:
Високо образование – Економски факултет;
Минимум 5 години искуство на иста или слична работна позиција;
Одлично познавање на англиски јазик;
Одлично познавање на MS Office пакет програми (Word и Excel) и развиени компјутерски вештини;
Познавање на целокупно материјално и финансово работење;
Активно познавање и следење на новите законски прописи;
Личен профил:
Одговорна и организирана личност;
Лојалност и професионален пристап кон работата;
Иницијативност, посветеност и амбициозност;
Способност за одржување дискреција при справување со доверливи или сензитивни работни активности;
Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови и проценка на приоритети;
Високо развиени аналитички и организациски способности и прецизност во работењето;
Динамичност и ефективност;
Развиени способности за планирање, организирање и координирање;
Способност за индивидуална и тимска работа;
Високо развиени комуникациски и меѓучовечки односи и ефективна вербална комуникација;
Одлични аналитички способности и прецизност во работењето.
Вашето резиме доставете го преку полето Брза Апликација.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!