ПРО-ЦИТ ДОО-Скопје, за потребите на мултибренд авто-механичарски сервис, прв овластен авто-сервис за светски реномираните брендови VALEO, NTN-SNR, CORTECO, HUTCHINSON, ASMETAL, EYQUEM, BENDIX, NISSENS ...
ВРАБОТУВА:
СЕРВИСЕН СОВЕТНИК
Потребни квалификации:
- ВСС, Дипломиран Машински Инженер (смер Моторни возила)
- Изразена комуникативност и желба за лично усовршување
- Познавање на дијагностика на возила
- Познавање на англиски јазик,
- Организациски способности
Детален опис на работни задачи:
- Прием и закужување за поправки и сервисирање и појаснување на барањата на клиентите
- Обезбедување на работи за ефикасно одржување и поправка на моторните возила преку точна дијагностика, подготовка и изработка на работен налог
- Одредување на големина на сервисната работа и советување на клиентите за врстата и обемот на неопходната работа
- Изготвување на задолжителна пресметка на трошоците поврзани за потребната поправка
- Проверка на точноста на сметките со појаснување за извршената поправка на клиентот за време на поправката и при предавање на возилото
- Контрола на комплетноста на извршените работи во склад со желбите на клиентите и нормите за поправка
- Обработка на можни рекламации од клиенти
Заинтересираните кадидати треба да достават компетно CV со мотивациско писмо на следната адреса: ПРО-ЦИТ ДОО Скопје, ул. Методија Андонов Ченто бр.13, Скопје или преку полето Брза Апликација со назнака “за оглас Сервисен советник”
Изборот на кандидатите кои ги сполнуваат условите ќе се врши по пат на тестирање и разговор со одговорните лица.
Напомена:
Сите апликации ќе бидат третирани со најстрога доверливост.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.