Vrabotuvanje.com - Пет Шоп менаџер - Скопје - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Пет Шоп менаџер

Скопје

Application deadline:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје

Доколку имате вистинска страст кон животните и сакате да работите и да се грижите за нив, во ПЕТ ШОП кај наш соработник, потребен е: 

Пет Шоп Менаџер– реон Ново Лисиче


ЗАДАЧИ:
  • Грижа за животните во продавницата,
  • Активна продажба и советување на клиентите за храната, додатоците во исхрана, средствата за нега и хигиена и опремата за нивните миленичиња,
  • Одржување на залихата во продавницата,
  • Прием на нарачки и подготовка на истите за испорака,
  • Одредување и Следење на годишни и месечни таргети за продажба и превземање на договорени активности за остварување за таргетите,
  • Следење на социјалните медиуми на продавницата и комуникација со клиентите,
  • Обука и грижа за вработените во продавницата,
  • Примена на стандардите и процедурите за работа (зададени од АХВ и останатите државни институции за да биде усогласен со законсите регулативи),
  • Грижа за имиџот на брендот и продавницата,
  • Одржување на хигиена во продавницата и
  • Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање
 
БАРАМЕ:
  • ССС
  • Работно искуство над 2 години во пет шоп
  • Динамична личност со способност за превземање иницијативи
  • Одлични комуникациски, организациски и продажни вештини и ориентираност кон клиенти,
  • Основно познавање на компјутери
  • Познавање на Англиски јазик
  • Способност за работа по притисок, справување со стрес и извршување на повеќе работни задачи истовремено,
  • Смиреност и способност за решавање на конфликтни ситуации и
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.
 
НУДИМЕ:
  • Тимска и пријатна атмосфера за работа,
  • Професионален развој, континуирани обуки и напредок во кариерата,
  • Бенефиции при купување на производи од сопствени брендови,
  • Полно работно време 40 часа неделно и работа во две смени (од понеделник до сабота),
  • Годишен одмор согласно Закон за Работни Односи,
  • Плата 30.000 ден
  • Исплата на регрес за годишен одмор – К15
  • Вработување на определено работно време со можност по истекот да премине во вработување на неопределно време.
 
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги преку полето Брза Апликација и наведете ја позицијата за која аплицирате.
       
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат. 
 
Апликацијата на која не е наведно работното место нема да се земе во предвид.
 
Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.
 
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
 
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
www.esi.mk 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more