Vrabotuvanje.com - Трговски претставник - Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип - Атлантик Група
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Трговски претставник

Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип

Application deadline:

  • Атлантик Група

Сакаш да бидеш дел од успешен тим и наш амбасадор на терен?
Тогаш, оваа позиција е твојот следен предизвик!

ТРГОВСКИ ПРЕТСТАВНИК
Локација: Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Пробиштип

 

АКО МИСЛИШ ДЕКА:

  • Си аналитички и проактивно настроен, и поседуваш организациски и преговарачки вештини;
  • Имаш повеќе од 3 години релевантно работно искуство;
  • Си комуникативна и упорна личност, насочена кон остварување на резултати,
  • Ја сакаш тимската работа;
  • Си одговорна и самоиницијативна личност која предлага нови идеи и решенија,
  • Имаш дозвола "B" категорија.


ТОГАШ, ПОЗИЦИЈАТА ТРГОВСКИ ПРЕТСТАВНИК ТИ НУДИ МОЖНОСТ ДА:

  • Директно да учествуваш во продажбата на производи од асортиманот на Атлантик Група, според однапред зададена програма;
  • Ги следиш продажните трендови; ги посетуваш постоечките купувачи и си одговорен за пронаоѓање и отворање на нови деловни партнери на теренот за кој си задолжен;
  • Си одговорен за реализација на финансискиот план и за наплата на продадените производи согласно важечката уредба за наплата на побарувањата во Атлантик Група;
  • Си одговорен за покриеност на сите продажни места во зададениот терен, за ниво на дистрибуција и изложеност на производите, препорачаниот асортиман, соодветните панели и пропаганден материјал
  • Ги договараш цените и времето/динамиката во рамките на своите овластувања
  • Идентификуваш, истражуваш и ги контактираш потенцијалните купувачи и градиш позитивни односи кои ќе донесат идна продажба и ќе обезбедат лојалност на купувачите и постојана продажба
  • Известуваш за можни промени во продажните трендови зависно од повратната информација од купувачите и активностите на конкуренцијата на терен, со цел промена на подобрувањата и прилагодување кон пазарот во сопствена организација.
  • Воспоставуваш и даваш приоритет на распоредот на своите продажни активности/ посети со цел остварување на продажните цели


ОД НАС МОЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ:

  • Атлантик Група ти нуди многубројни бенефиции; покрај месечен систем на наградување, тука се и божиќница и регрес.
  • На нашите вработени им стои на располагање широк дијапазон различни едукации и развојни програми во согласност со работните потреби.
  • Во Атлантик на вработените им пристапуваме холистички и важно ни е да се чувствуваат добро во сите аспекти на својот живот и да постигнат баланс помеѓу приватниот и деловниот живот: Atlantic Body, Atlantic Mind, Atlantic Spirit i Atlantic Soul се различни програми кои ти овозможуваат да се посветиш на она што ти е важно, било да станува збор за спортски активности, едукации или волонтирање.
  • Сепак, она што е најважно не е напишано на лист, ќе работиш со луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како мускетарски тим – сите за еден, еден за сите.

Заинтересиран си? Пријави се и дај ни можност да се запознаеме.   
Атлантиковци 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more