Vrabotuvanje.com - Продажен експерт - Скопје - Скопје - ЕКСПАНДА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Продажен експерт - Скопје

Скопје

Application deadline:

  • ЕКСПАНДА ДООЕЛ

 
Доколку сте подготвени за предизвици и работа во средина која постојано напредува и барате можност да ги развивате сопствените професионални знаења и вештини, пријавете се за позицијата:

 

 
ПРОДАЖЕН ЕКСПЕРТ во виртуелна продавница
Локација: Скопје
 

Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија и ексклузивен дистрибутер на Филип Морис ТКП од 2014 година. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани кандидати кои би се приклучиле на тимот за продажба на IQOS™ уред од категоријата производи со намален ризик на компанијата Philip Morris International.

Што претставува IQOS™?

IQOS™ е револуционерен производ на компанијата Philip Morris International кој, за разлика од обичните цигари кои го согоруваат тутунот, работи на принцип на загревање на тутунот. За повеќе информации за производот посетете го сајтот www.pmiscience.com/our-products/platform1

Како IQOS™ продажен експерт ќе бидете одговорни за:

  • Едукација на полнолетни пушачи за IQOS/LIL SOLID со телефонска поддршка и на продажното место;
  • Овозможување корисничка поддршка за купувачите на IQOS/LIL SOLID уредот;
  • Овозможување техничка поддршка на Директ и Индирект каналот за IQOS/LIL SOLID уредот
  • Продажба и припрема на пратки на IQOS/LIL SOLID уреди и други поврзани производи во согласност со планот за продажба;
  • Евиденција и внесување податоци за корисници во Монолит и наплата на ПОС каса
  • Грижа за асортиманот и уредите на продажното место и контрола на залихи.

Доколку сте:

  • Со место на живеење во Скопје или околните општини;
  • Комуникативни, убедливи и ориентирани кон потребите на потрошувачите;
  • Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
  • Ориентирани кон иновации и нови технологии;
  • Тимски ориентиран со желба за работа во динамична средина.

И поседувате:

  • Најмалку IV степен стручна подготовка (пожелно универзитетска диплома);
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање MS Office (основно ниво на познавање);
  • Познавање и користење на  Веб апликации
  • Искуство во малопродажба, маркетинг или ,,call” центар за грижа на корисници

Ние ви нудиме:

  • Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим;
  • Нето месечна заработка од 27.675 МКД.
  • Работно време: 40 часа неделно. Деталниот распоред ќе биде дополнително споделен од страна на супервизорот.

Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза Апликација. Рок за доставување пријави e до 20.03.2022. година.

Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more