Vrabotuvanje.com - Раководител на БС 002 Стража - Стража - ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Раководител на БС 002 Стража

Стража

Application deadline:

  • ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

РАКОВОДИТЕЛ НА БС 002 СТРАЖА
во „ЛУКОИЛ Македонија“ ДООЕЛ Скопје

Основни работни обврски:

  • Контрола на работниот процес во БС согласно утврдените правилници и упатства, согласно прописите и нормите за техничка безбедност, заштита при работа, индустриска, противпожарна, еколошка безбедност и други нормативи, дефинирани со Законодавството на РСМ и внатрешните правила на Компанијата;
  • Организира и контролира активности за прием, чување и продажба на нафтените деривати, дополнителен асортиман, учествува во пописот на нафтените деривати и други стоково-материјални вредности;
  • Секојдневна проверка на состојбата на индустриската и противпожарната безбедност на БС, прописите за заштита при работа, исправноста на технолошката опрема, средствата за противпожарна заштита и дојава;
  • Го контролира квалитетот на работите извршени од сервисни организации;
  • Ја контролира работата на персоналот за услужување на клиенти согласно важечките прописи, одлуки и стандарди во Компанијата;
  • Го контролира асортиманот и количините утврдени со соодветниот мерчендајзинг на дополнителниот асортиман, согласно утврдените прописи и стандарди;
  • Го истражува пазарот и дава предлози за нови потенцијални клиенти;
  • Ги анализира обемите на продажбите на горивата и дополнителниот асортиман на БС, поднесува предлози за зголемување на ефикасноста на работата на БС.

Потребни квалификации:

  • Работно искуство во областа на малопродажба и трговија, работа во секторот за производи за широка потрошувачка најмалку 3 години;
  • Напредно и активно познавање и користење на Excel, познавање и користење на софтверски апликации за продажба и трговија;
  • Познавање на законски прописи поврзани со работење во трговија на мало, Закон за трговија и закон за заштита на потрошувачи;
  • Поседување возачка дозвола.

     

    Професионални знаења и способности:

  • Ориентираност кон скратени рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено;
  • Одлични аналитички и комуникациски способности, прецизност, самостојност, уредност и одговорност;
  • Мотивирана и стабилна личност;
  • Флексибилност за индивидуална и тимска работа.
 

Сите заинтересирани треба да достават кратка биографија (CV), понова фотографија, фотокопија од диплома или уверение и препораки најдоцна до 26.03.2023 година преку полето Брза Апликација.

Напомена:

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани и сите апликации ќе се третираат со строга доверливост.

„ЛУКОИЛ Македонија“ ДООЕЛ Скопје го задржува правото да не ја пополни огласената позциција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more