Vrabotuvanje.com - Комерцијален директор - Тетово - РЕНОВА ДОО експорт-импорт с.Џепчиште,Тетово
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Комерцијален директор

Тетово

Application deadline:

  • РЕНОВА ДОО експорт-импорт с.Џепчиште,Тетово

Друштво за производство, трговија и услуги 
РЕНОВА ДОО експорт - импорт с. Џепчиште, Тетово

Објавува ОГЛАС за вработување на:

КОМЕРЦИЈАЛЕН ДИРЕКТОР
(1 извршител)

Квалификации:
  • ВСС
  • Претходно работно искуство на соодветната работна ќе се  смета за предност
  • Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите
  • Познавање на Англиски Јазик
  • Возачка дозвола за Б категорија
 
Одговорности и задачи:
  • Континуирано воспоставува и развива долгорочни партнерски односи со клучните добавувачи и купувачи
  • Преговара со добавувачите и купувачите следејќи ја имплементацијата на договорените услови, препознавајки ги можностите за зголемување и унапредување на производството и продажбата
  • Прати и контролира остварување на стратегијата во согласност со целите на компанијата
  • Учествува во обуките и континуирано стручно го усовршува знаењето и производствените и продажните вештини
  • Учествува во креирање на финансиските буџети и планови, и во согласност со истите работи на остварување на плановите кој се однесуват за клучните добавувачи и купувачи со цел остварување на посакуваната профитабилност
  • Ги претставува, преговара и ги имплементира дефинираните цели и планови кои се однесуват на набавката на репроматеријалите, асортиманот на производите, промотивните активности, ценовната политика, дистрибуцијата и наплата од клучните купувачи
  • Во синергија со комерцијалниот тим обезбеди реализација на усогласените цели со компаниската стратегија
  • Одговорен за организација на производството
  • Одговорен за унапредување на производството
  • Одговорен за исполнување на планот на производството и продажба на производите во рамка на планот за кој е задолжен
 
Личен профил:
  • Добри организациски, комуникациски и аналитички вештини
  • Способност за анализа на проблеми, логично расудување и предлагање на решенија
  • Доверлива и одговорна личност, ориентирана кон остварување на резултати
  • Самоиницијативност, упорност и енергичност
  • Креативност и прецизност
  • Способност за тимска работа и работа под притисок
  • Способност за соработка со различни сектори, во динамично опкружување
 
Ние нудиме одлични работни услови, пробен период во времетраење од 3 месеци, со можност за вработување на неопределено време.

Доколку ги исполнувате горенаведените квалификации, Ве покануваме да испратите Ваша лична биографија(CV) преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака „ КОМЕРЦИЈАЛЕН ДИРЕКТОР  “.

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more