Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Скопје - Скопје - ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Комерцијалист - Скопје

Скопје

Application deadline:

  • ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА

За компанијата: Прилепска пиварница А.Д. Прилеп со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови, Заштитен знак на „Прилепска Пиварница“ е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е „Прилепска Пиварница“.

,,Прилепска Пиварница“ произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска Пиварница“ ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: Pepsi, Pepsi Lime, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп има потреба од: Комерцијалист - 1 (еден) извршител
(на определено време) за Скопје 

 
 
Потребни квалификации:
  • Завршено средно или високо образование
  • Искуство на иста работна позиција ќе се смета за предност
  • Одговорност
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Возачка дозвола Б категорија
     
Одговорности и задачи:
  • Врши посета на купувачи во определен реон 
  • Се грижи и врши наплата на побарувањата на пиварницата од своите коминтенти
  • Тековно ги известува коминтентите за нивниот долг кон пиварницата и за состојбата со невратената амбалажа и настојува за што е можно побрзо наплаќање на побарувањата на пиварницата
  • Го прати пазарот и дава предлози за проширување
  • Ја спроведува статегијата за развој на определен пазар
  • Прави сегментирана (по дејност, по објекти, по потрошувачка на видови производи, по возраст итн) „ карта „ на својот терен
  • Го контролира односот према производите од магацин, возило до изложеноста и позиционирањето во продажниот објект
  • Директно на терен има пресудна улога во распоредувањето на рекламниот матријал
  • Се грижи за реализација на планот за продажба
  • Се грижи за спроведување на маркетиншките активности 
  • Се грижи за позиционираноста како и изгледот и состојбата на рекламните материјали во објектите
 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат преку полето Брза Апликација со назнака Комерцијалист најдоцна до 27.04.2023 година

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more