ТЕРМО СИСТЕМ Дооел е формирана во 2003 год. во Скопје како фирма чија главна дејност е трговија, увоз, инженеринг и изведбата на инсталации во областа на греење, климатизација соларни системи и водовод.
Ние сме секогаш отворени за соработка со млади, стручни и амбициозни луѓе со цел – остварување на заедничките интереси.
ТЕРМО СИСТЕМ дооел има потреба од следната работна позиција
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Главна цел на работното место:
Зголемување на продажбата и профитот и градење (одржување) имиџ на префериран добавувач преку продажни посети и разговори, грижа за клиенти и освојување нови клиенти.
Што нудиме
- Конкурентна плата
- Обезбедена опрема за работа
- Динамична работа која нуди можност за постојано учење и надградба на знаење
- Пријатна работна средина
Потребни квалификации
- Минимум средно образование
- Поседување на возачка дозвола - Б категорија
- Познавање на работа со компјутери (MS Office и Интернет)
- Познавање на Пантеон е предност
- Познавање на англиски јазик е предност
- Пожелно е минимум две години работно искуство на иста или слична позиција
- Предност е работење во продажба на опрема за греење и климатизација
Лични карактеристики
- Желба за комуникација со луѓе
- Трпение и убав однос во комуникацијата
- Одговорност, лојалност и сериозност во работата
- Желба за постојано учење, напредок и усовршување
- Самоиницијативност